За нас

За нас

 ММ Софт е локален ICT лидер, компанија основана во 2000 год. со првиот малопродажен објект во Ресен за информатичка технологија. Првите чекори се направени во продажба на компјутерска опрема и обука (компјутерски курсеви и Англиски јазик). Во нашата училница своите први чекори во светот на компјутерската технологија ги направија повеќе од 500 ученици и возрасни.

 Паралелно со продажбата стартуваше и сервисен центар, кој е во постојано надградување и усовршување. Постојано се усовршуваат постоечките сервиси и се воведуваат нови, се во сооднос со барањата на постојниот технолошки напредок и ширењето на корисничката база.

 Во втората фаза се започна со давање на услуги на интернет телефонија за меѓународни телефонски разговори. Компанијата делуваше како телекомуникациски оператор со повеќе типови на услуги (prepaid телефонски картички, телефонски кабини и тн.) се до почетокот на 2010 год. кога, поради наглото ширење на интернет пристапот до се поголем број на домашни корисници, станаа излишни услугите кои ги нудевме.

 Во 2010 год. се преселивме во нов, модерен деловен објект, со простран малопродажен дел под називот ТехноМакс од преку 80м2, опремен сервис и магацински простор. Извршено е проширување и екипирање на фирмата со нови продажни лица, нов стручен сервисен тим. Се започна процес на обука и екипирање за почеток на нудење на услуги за техничко обезбедување – системи за видео надзор и алармни системи. Набргу се започна со успешна имплементација на повеќе проекти и во моментов компанијата е застапена во целиот југозападен регион со повеќе од 200 инсталации во досегашниот период.

Уште од почетокот определбата на ММ Софт е да биде најуспешна компанија во својата област, и тоа е така во изминатите 14 години. Но тоа не значи дека мируваме, ние секој ден упорно работиме на постојано усовршување во сите сегменти на нашата работа, а се со цел да останеме на лидерската позиција, која што ја заслуживме благодарение на постојаното функционирање, динамичност и усовршување. Ние сме репрезенти за тоа како треба успешно да се води еден бизнис. Горди сме на тоа што го имаме веќе постигнато, но секогаш се стремиме кон подобро. ММ Софт моментално брои 7 вработени. Ние веруваме дека нашите вработени се движечката сила на нашата компанија и затоа креираме едно модерно и здраво работно опкружување со еднакви прилики и можности за сите. Ние промовираме квалитетни услови за работа на нашите вработени – безбедност и заштита на работното место, попусти при користење на продукти и услуги од корпоративното портфолио, флексибилно работно време, најразлични форми на дијалог и интерна комуникација, поддршка на многу социјални активности итн. Наша цел е да регрутираме, мотивираме и да ги задржиме најдобрите луѓе, додека во исто време креираме позитивен баланс меѓу работното време и личниот живот на нашите вработени.

Нашата сила и одлучност доаѓа од големиот број на наши задоволни корисници. Низ сите овие години тие ни ја даваа потребната сила и одлучност да продолжиме по патот кој го трасиравме уште од самиот почеток, патека која заеднички ја газиме цело ова време.