Општи услови и правила

Општи услови и правила

Со самaтa посета или купување преку нашата интернет страната на ММ Софт се согласувате со општите услови и правила кои треба внимателно да ги прочитате. Условите ги дефинираат односите помеѓу ММ Софт ДOОЕЛ Ресен од една страна како сопственик на интернет страната со домеин mmsoft.mk и сите негови поддомеини и електронските корисници на домеинот и неговите поддомеини.

ММ Софт ДООЕЛ не превзема одговорност доколку корисникот не ги прочитал општите услови и правила. Ако не се согласувате со Општите услови на оваа страна, едноставно не ја користете и повелете во нашата продавница. Називот ММ Софт е заштитен трговски знак на Друштво за производство трговија и услуги, увоз-извоз ММ СОФТ Гоисел Јајовска ДООЕЛ Ресен и забранет за секаков вид на негова употреба без претходна писмена согласност на сопственикот. ММ Софт ДООЕЛ Ресен ги задржува сите права кои произлегуваат од трговскиот знак.

Авторски права

 

Целата содржина на оваа страна, вклучувајќи ја формата, изгледот, сликите, информациите, дизајнот и сите достапни податоци, се интелектуална сопственост на Друштво за производство трговија и услуги, увоз-извоз ММ СОФТ Гоисел Јајовска ДООЕЛ Ресен кои се заштитени со авторско право и сродните права.

Превземањето на информации, податоци и слики, нивната дистрибуција, пренос или користење на линкот од овој сајт е стого забрането. Употребата на истите е можна само за некомерцијални цели и лична употреба надвор од дозволеноста за било каква злоупотребата на податоците и опциите кои ги нуди оваа страна. Споделените информации од оваа страна имаат информативен карактер. Секогаш сме се залагале и ќе се залагаме за точност на информациите, но можни се отстапувања и пропусти во информирањето, во зависност од изворот на информациите.

За сите производи ќе се потрудиме да имате достапна фотографија, како илустрација за изгледот и формата на производот.

ММ Софт го задржува правото да објавува називи, модели и други информации за производот на англиски јазик, кога:

- Постои ризик од губење на битни информации при преводот

- Нема иста или слична терминологија на македонски јазик

Како би ги задоволиле Вашите потреби и барања, ММ Софт ќе се залага за достапност на својата интернет страна 24 часа во денот. Во случај на привремена недостапност односно прекин на пристапот до интернет страната поради технички или надворешни влијанија надвор од контролата на ММ Софт, не можеме да превземеме никаква одговорност и да Ви гарантираме постојан пристап.

Купување

 

Купувачот има право да го одбере производот кој е понуден на веб страната на www.mmsoft.mk и истиот да направи нарачка  со што ќе ја определи количината начинот на испорака и останатите опции понудени на веб страната. Купувачот има право во секое време да ја откаже, дополни или модифицира направената нарачка се до моментот пред да го реализира плаќањето. Со самото реализирање на плаќањето купувачот склучува договор со ММ Софт ДООЕЛ Ресен за рокот ,условите и производот кои се предмет на нарачка.

 Доколку поради технички причини настане проблем со правењето на нарачката преку веб страната ММ Софт ДООЕЛ Ресен го задржува правото да ја одбие и да не ја комплетира нарачката со тоа што нема да настанат никакви облигациони односи со купувачот освен повраток на парите доколку истите се наплатени од купувачот.

 

Безбедност

 

ММ Софт ДООЕЛ Ресен е посветен на целосна безбедност на веб сајтот со тоа што ги применува најсигурните и докажани безбедносни решенија со цел заштита на клиентот. Заштитата ММ Софт ја обезбедува на домеин www.mmsoft.mk, www.technomax.mk  како и на сите поддомеини на истата страна. ММ Софт не ја гарантира безбедноста доколку на сајтот има поставено линк до друга веб страна и не превзема никаква одговорност во однос на заштита на личните податоци на тие страници.

 Плаќањата преку веб страната можат да се остварат преку MasterCard, Maestro, Visa, Visa Electron и други платежни картички од домашни банки доколку Стопанска банка АД Скопје е овластена да организира нивни прифаќање. Пред правењето на нарачката проверете дали банката издавач на картичката има овозможено правење на трансакции преку интернет.

 

Лични Податоци

 Со прифаќање на условите на корисниците што се регистрирале на mmsoft.mk или на technomax.mk и ги приложиле своите информации  во полињата за регистрација се согласни сите податоци вклучувајќи ги и личните податоци да бидат обработени и користени од страна на ММ Софт ДООЕЛ за понудените услугите, рекламирањето на производите и услугите и реализирање на испораката и плаќањето. Сите лични податоци кои корисникот ги внесува преку регистрација нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Македонија и истите се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци. ММ СОфт ДООЕЛ не собира никакви информации од финансиска природа како број на Картичка и/или број на банкарска сметка. Податоците околу кредитната картичка и банкарската сметка ќе бидат чувани и користени исклучиво од страна на Стопанска Банка АД Скопје.

 При пополнување на полињата за плаќање ММ Софт ДООЕЛ не собира никави податоци за картичките бидејќи истото плаќање се пренасочува кон Стопанска Банка АД Скопје на сигурна веб страна и ММ Софт ДООЕЛ нема никаков пристап до податоците. Притоа податоците се чуваат по највисоки критериуми за сигурно работење според банкарската политика

 Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и ММ Софт ДООЕЛ не превзема никаква одговорност за истото.

 

Гаранција

 Сите производи купени од ММ Софт ДООЕЛ се под гаранција и за нив се издава гарантен лист во кој се наведени условите за гаранцијата.

 За одредени производи гаранциската изјава наведена на веб страната е лимитирана и за тие производи важи гаранциската изјавата која доаѓа со тие производи поради соодветните договори склучени со увозниците и/или дистрибутерите на производите и за тие производи неважат прописите наведени на оваат веб страна.

 

Гаранциски услови

 I. Општи услови

 1. Потрошувачот има право на рекламација доколку производот не работи според предвиденото.

 2. Откако ќе забележи неисправност на производот, потрошувачот е должен за истото да извести во најкус можен рок,

 3. Зачувувањето и запазувањето на софтверските податоци, програмите и подесувањата (конфигурациите) на производот е обврска на потрошувачот. Трговецот или сервисните центри не се одговорни (во рамките на законските обврски) за штети, нанесени преку загуба или оштетување на податоци, ниту за индиректна штета и други загуби, за загуба на приходи, дури и во случаите, кога истите настапиле поради причина, која настанала поради извршениот сервис.

 

II. Права на потрошувачот кои произлегуваат од задолжителната гаранција

 

1. Подолу наведените права можат да бидат остварени во гарантниот рок.

 2. Гаранцискиот рок започнува да тече од денот, кога производот ќе биде предаден на потрошувачот или од датумот на почетокот на неговото користење, доколку тоа е извршено од Трговецот или од лице овластено од Трговецот.

 3. Во случај на неисправност Трговецот или сервисерот се должни да го отстранат дефектот во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето за сервис од страна на потрошувачот.

 4. Во случај на неисправност производот може да се сервисира најмногу до три пати во рамките на гарантниот рок и доколку не се поправи, потрошувачот по свој избор има право да бара замена на ист таков нов и исправен производ или нов и исправен производ еквивалентен според карактеристиките на стариот производ или да му се врати платениот износ, освен во случаите, кога исполнувањето на избраната услуга од потрошувачот е невозможно, или кога со тоа би настанале несразмерно поголеми расходи на Трговецот, во споредба со друга услуга. При тоа се земаат во предвид состојбата на производот, степенот на непочитување на договорот и настанатите проблеми на Трговецот или соодветно на сервисерот, при исполнувањето на гаранциското задолжување.

 5. Во случај неисправноста да не биде отстранета согласно наведеното во точките 3 и 4 погоре, потрошувачот согласно законот по избор може да бара сразмерно намалување на цената, замена на производот со нов или да го раскине договорот. Потрошувачот нема право да го раскине договорот во случај на незначителна неисправност на производот.

 6. Трговецот или сервисерот се должни да ја извршат замената или поправката на начин што истото ќе биде во согласност со карактеристиките и својствата на производот, во рамките на гарантниот рок и без истите да причинуваат значителни проблеми на потрошувачот.

 7. Во производот може да има делови кои носат сопствена гаранција, независно од гаранцијата на уредот во кој се наоѓаат

 8. Потрошувачот ги има законските права кои произлегуваат од националното законодавство и истите права не се загрозени со оваа гаранција.

 

III. Пријавување на рекламации

 

Потрошувачот може да поднесе рекламации кај Трговецот или да се обрати директно во Сервисните центри

 

IV. Случаи кога гаранцијата може да  биде неважечка

 1. Гаранцијата нема да биде важечка во случај кога дефектите или неисправноста се резултат на следниве причини:

  - производот не се употребува согласно упатството за употреба;

 - употреба на софтвер, носачи на информации, резервни делови, додатоци или потрошни материјали кои не се доставени или одобрени од производителот;

 - чистење вирусни инфекции и последици од нив;

 - дефекти и оштетувања предизвикани од транспорт од страна на потрошувачот после продажбата  на производот;

-механички оштетувања (физичко) оштетување на деловите,изгорени делови од печатени кола

 - механички оштетувања или дефекти настанати како резултат на земјотрес, поплава, пожар или други природни непогоди, како и при неприлагоден извор за напојување, струен удар или други надворешни фактори и несоодветна работна околина

  - било какво дејствие или поправка кое предизвикало дефект или механичко оштетување или причина за неисправност, а која не е извршена од овластен сервисен центар

 - оштетување од влага,прашина,рѓа,инсекти,глодари,нагризувачки материи

 -дефекти настанати како резултат на нормално абење

 2. Гаранцијата нема да биде важечка, ако дефектот (оштетувањето) настанал како резултат на тоа што потрошувачот не се придржувал кон правилата за употреба, наведени во упатството за користење на производот.

 3. При поднесување на рекламација потрошувачот е должен да достави Гарантен Лист кој ја содржи пропишаната содржина заедно со фискалната сметка за производот или издадената фактура. Рекламации не се прифаќаат кога фабричкиот број на производот не може да се прочита или недостасува, освен во случаите кога тоа е направено од производителот.

 4. Ако поради горенаведените причини настанат дефекти и оштетувања, сервисирањето е на сметка на потрошувачот, дури и кога истото се врши за времетраењето на гарантниот рок.

 5. Гаранцијата не опфаќа чистење и одржување на производот, како и промена на потрошните делови.

 

Начин на Испорака

Испораката на производите се извршува на адресата која купувачот ја определил во нарачката и на начин кој го одбрал при самото правење на нарачката. При предавање на производите купувачот или трето лице ја потпишуваат испратницата и другите пропратни документи. Под трето лице се подразбира лице кое не наведено во порачката но го прима производот на наведената адреса при извршување на порачката.

 При примањето на производот примачот е должен да го провери производот за евентуални оштетувања при транспорт и да провери евентуално недостасување на некој дел доколку производот е составен од неколку делови. Доколку констатира некој од предходните недостатоци примачот е должен веднаш да пријави рекламација.

 Пред испорака на производот купувачот ќе биде телефонски контактиран за часот и денот на испорака

 Испораката на производите ќе биде извршена низ целата територија на Македонија. Испорака на производи надвор од територијата на Македонија не вршиме

 Времето на испорака во Ресен изнесува 24 часа од моментот на правењето на нарачката.

 Низ другите градови во Македонија времето на испорака изнесува 48 часа од моментот на правењето на нарачката

 Доколку нарачката е направена после 17 часот тогаш периодот за испорака започнува да тече од наредниот работен ден.

 Доколку нарачката е направена во неработни денови рокот започнува да тече од првиот работен ден. Во рокот на испорака не се рачунаат неработните денови.

 ММ Софт ДООЕЛ го задржува правото да го продолжи периодот на испорака без да го извести купувачот најмногу 7 дена од моментот на правењето на нарачката и над 7 дена само со договор со купувачот.

 Доколку има доцнење на испораката ММ Софт ДООЕЛ не сноси никаква одговорност доколку доцнењето е предизвикано од страна на компанијата која е ангажирана за извршување на испораката.

 

Враќање и замена

 

Производот, кој е неотпакуван и неупотребуван може да се врати во рок од 7 дена, заедно со приложената фактура ,испратница и другите пропратни документи кој се доставени при испораката и истиот може да го замените со нов.

 Во случај да барате враќање на паричните средства, тоа можете да го остварите само доколку производот го вратите неупотребуван и во оригиналното пакување, со приложена фактура и испратница и другите пропратни документи кој се доставени при испораката во период од 7 дена од приемот на производот. Парите ќе Ви бидат префрлени на истата банкарска сметка која сте ја користеле при плаќање на производот.

 Во случај кога ќе се забележи дека производот е користен, отпакуван (изваден од амбалажа) или е оштетен, но не од наша страна, тогаш износот на вратените средства ќе биде намален од 50- 80% од цената на чинење.

 ММ Софт ДООЕЛ го задржува правото да ја менува Политика за враќање на производите и парични средства. Сите ревизии или промени ќе стапат во сила веднаш со нивното објавување на веб страницата ММ Софт ДООЕЛ Ресен.

 Потрошувачот има право да го замени производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот или од други причини освен во случај на купен производ изготвен по нарачка од потрошувачот врз основа на писмен договор.

 Потрошувачот правото може да го оствари во рок од 15 дена од денот кога производот е купен.

 Замена на производот со соодветен квалитет се врши ако производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, фабричките етикети, како и фискалната сметка за производот или сметкопотврда кои на потрошувачот му биле издадени заедно со производот.

 Ако во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот трговецот нема соодветен производ (производ што ќе одговара на неговите потреби), потрошувачот има право по свој избор да бара:

 - да го раскине договорот и да бара враќање на платениот паричен износ или

 - да го замени производот со соодветен кога ќе има таков производ.

 Трговецот е должен да го извести потрошувачот кој барал замена на производот дека има таков производ за продажба во рок кој не мож е да биде подолг од 30 дена од денот на приемот на барањето.