AI алатки за секојдневна работа
Во ММ Софт развиваме апликации и AI агенти, одржуваме обуки и создаваме практични водичи на македонски.

Што работиме
AI апликации и агенти
Создаваме алатки за задачи што се повторуваат, како читање податоци од документи, нивна проверка и подготовка за следниот чекор.
Обука и едукација
Преку примери и вежби покажуваме како да поставите прашање, да го проверите одговорот и да го примените наученото во својата работа.
Дигитални содржини
Подготвуваме е-книги, водичи и шаблони на македонски. Првата бесплатна книга е наменета за оние што првпат го отвораат ChatGPT.
Ново од ММ Софт
еФактура
Од PDF фактура во Pantheon до електронски потпишана фактура во системот на УЈП. еФактура ги чита податоците, а по прифаќањето добивате PDF со QR код за купувачот.
- Вашата PDF фактура
- Од програмата во која веќе фактурирате
- Проверка и потпис
- Со вашиот дигитален сертификат
- Потврда од УЈП
- Идентификатор на фактурата и QR код

Од бесплатната библиотека
Мојот прв разговор со ChatGPT
На 10 страници ќе составите покана за семеен ручек, ќе ја дотерате со уште една порака и ќе изберете вежба за самостојна работа.
До книгата и бесплатното преземањеКои сме ние
ММ Софт е тим од Ресен. Искуството со компјутери и техничка поддршка го користиме за да им помогнеме на луѓето и малите бизниси да ги применат новите технологии. Работата ја почнуваме со конкретна задача — фактура што треба да се обработи, процес што одзема време или алатка што сакате да научите да ја користите.